Рамос по поразот на ПСЖ од Баерн, докажа дека има „краток фитил“ (Видео)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен по синоќешниот пораз од Баерн Минхен, иако не беа расположени, отидоа да им отпоздрават на своите навивачи, но Серхио Рамос како да беше најнервозен, а својот бес го истури врз двајца фоторепортери.

Шпанскиот ветеран, кој статистички беше еден од подобрите кај ПСЖ, покажа дека има „краток фитил“, што се докажува и со една снимка која се појави на социјалните мрежи.

Некогашниот капитен на Реал Мадрид прво влезе во расправа со еден фоторепортер, кој случајно го поткачи. Потоа се вмеша уште еден фоторепортер, а Рамос силно го турна и човекот „летна“ бидејќи не очекуваше таква реакција.

- Оглас -

Најнови вести