Рамос првиот тренинг во Новата година го направи во екстремни услови на 50 степени (Видео)

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос се пофали дека и во првиот ден од 2025 година тренира напорно. Рамос на „Инстаграм“, каде што има речиси 65 милиони следбеници, покажа како вежба во екстремни услови.

„Вака го завршуваме првиот ден од годината… како секогаш“, беше пораката испратена од Рамос, кој постираше видео на кое вежба за трака за трчање, и тоа дури на 50 степени.

Топлинскиот тренинг е софистициран метод за подобрување на физичката подготвеност, кој станува многу популарен кај професионалните спортисти, па, секако, го практикува и Рамос.

Рамос веќе 200 дена е слободен играч и е без клуб. Минатата сезона настапуваше за Севилја, но откако му заврши договорот, не се најде клуб кој ќе го ангажира. Фактот дека легендарниот дефанзивец уште тренинра со силен интензитет покажува дека не се откажува од активното играње и ја чека вистинската понуда во зимскиот преоден рок за повторно да се активира на теренот.

- Оглас -

Најнови вести