Серхио Рамос никако да дебитира во дресот на својот нов клуб Пари Сен Жермен, му следува десетдневен период во којшто ќе работи само индивидуално. Повторно има одложување на дебито, лекарите не му дозволуваат на Рамос да тренира со екипата во следните десет дена, иако тој мислеше дека може да биде во комбинација за мечот со Анже, кој се игра утревечер.
Шпанскиот ветеран нема играно од 5 мај, кога Реал Мадрид гостуваше кај Челзи во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите, а и на тој меч Рамос играше недоволно заздравен. За разлика од Реал, каде што Рамос играше и повреден и преземаше ризик, во Париз ситуацијата е поинаква и тој не добива дозвола да игра ако не е 100 отсто подготвен.