Реал Мадрид на утрешното гостување од 16.15 часот кај Селта во Виго ќе биде ослабен со неиграњето на капитенот Серхио Рамос. Рамос не е на пријавната листа за мечот, бидејќи денеска се повредил на тренинг (повреда на потколеницата на левата нога), и со него нема да се ризикува, иако повредата не е многу сериозна. Капитенот на Реал имаше прилично долга пауза, па играше по еден час на претходните два меча, и со него мора да бидат внимателни.
Освен Рамос, на листата на повредени се и Карвахал, Одриозола, Азар и Маријано Дијас. Сега, оваа ситуација е многу подобра отколку пред две-три недели кога Зинедин Зидан мораше да користи многу младинци од вториот тим на Реал.
Оваа повреда на Рамос може да значи дека тој нема да игра ни за репрезентацијата на Шпанија во претстојниот циклус, а би се вратил во април кога на Реал му претстојат сериозни предизвици, во рок од 8 дена ќе треба да игра три многу тешки натпревари (двапати со Ливерпул и еднаш со Барселона).