Екипата на Монтереј доживеа вистинска катастрофа во десеттото коло од мексиканското првенство. Тие загубија со 6:2 на гостувањето кај Толука, иако почетокот на мечот не го навестуваше ваквиот финиш.
Монтереј поведе во десеттата минута преку Германецот Бертераме, а во 20-тата минута имаше можност да го зголеми водството од пенал. Изведувач беше легендарниот Шпанец Серхио Рамос (39).
Познат по речиси перфектните изведувања на пенали, Рамос одлучи да шутира Паненка, но голманот Уго Гонзалес ја прочита неговата намера, остана на средината од голот и лесно ја фати топката.
Sergio Ramos panenka penalty is saved by Hugo Gonzalez (Toluca). Monterrey almost concedes a goal immediately after 20′
byu/Delmer9713 insoccer