Рамос воодушеви со својата изјава околу заминувањето на Меси од Барселона

По повеќе од една недела откако Лионел Меси побара да си замине од Барселона, нема поместување од „мртвата точка“. Аргентинецот сака да си оди, но Барселона не планира да го пушти, освен ако некој не плати 700 милиони евра. Таткото на Меси и челниците на Барселона синоќа имаа состанок на кој немаше поместување на позициите.

Со евентуалното заминување на Меси од Барселона, ќе загуби Ел Класико, а капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, не сака тоа да се случи. Сепак Рамос е свесен дека треба да му се дозволи Меси сам да одлучи.

„Меси заслужи сам да решава за својата иднина, но мислам дека ова не е најдобар начин. За шпанскиот фудбал, за Барселона, за нас најдобро е да остане. Со неговото останување, посилна ќе биде цела лига, Ел Класико ќе биде поинтересно. Секогаш сакате да го победите најдобриот, а Меси секако дека е еден од најдобрите“, рече Рамос пред денешниот дуел на Шпанија против Германија во Лигата на нациите.

Манчестер сити е најсериозниот ривал за купување на Меси, но засега од Барселона ги одбиваат сите понуди. Ниту на состанокот на Хорхе Меси со претседателот на клубот Бартомеу не беше ништо решено, па е најавено дека преговорите ќе продолжат.

- Оглас -

Најнови вести