Од идната недела, односно во почетокот од јули месец, Серхио Рамос ќе може да ја комплетира најавената преселба во ПСЖ, откако шпанскиот стопер наводно закажа медицински прегледи во Париз. Светците му понудија наблиску до условите кои ги постави кога во прашање е платата за долгогодишниот капитен на Реал Мадрид.
Имено, Рамос ќе потпише двегодишен договор со ПСЖ со плата од 12 милиони по сезона, но ќе добие помалку од 20 милиони евра бонус при потпис на договорот. Со ова се завршува сагата околу Рамос откако неговата иднина висеше до неодамна чекајќи да ја обнови соработката со Реал, што не се случи.
Шпанскиот ветеран имаше понуди да се врати во Севилја, односно да заигра во Серија А како играч на Милан или Рома, но реалноста е дека само Парижаните можеа финансиски да го издржат 35-годишниот трофеен дефанзивец.