Рамос збесна по поразот и го прекина интервјуто за да се кара со навивач (Видео)

Екипата на Севилја продолжува со разочарувачките резултати сезонава и загуби на домашен терен од Атлетик Билбао со 0:2. За Севилја ова беше четврти пораз во последните пет кола, па тимот од Андалузија падна на 16-тото место на табелата само со 16 бода од 19 меча.

По поразот од Атлетик Билбао, домашните навивачи беа многу разочарани и лути, па дофрлуваа забелешки кон домашните фудбалери. Серхио Рамос, кој сезонава се врати во својот матичен клуб додека даваше телевизиска изјава, почна да се расправа со еден навивач кој негодуваше.

„Покажи малку почит. Гледаш дека разговараме. Почитувај ги луѓето и овој амблем. Почитувај ги луѓето и заќути. Бегај од тука“, викаше Рамос кон навивачот, прекинувајќи ја изјавата за телевизијата.

Ваквиот начин на прекин на интервју за да се расправа со навивач на Балканот најмногу асоцира на легендарниот Дејан Савичевиќ. Додека го носеше дресот на СР Југославија, на Савичевиќ му дофрли еден хрватски навивач, а потоа следуваше одоговрот на популарниот Дејо.

- Оглас -

Најнови вести