Рампа за Евролигата – Капитените гласаа да не се продолжи сезоната

Евролигата ќе донесе одлука во понеделник дали ќе продолжи и заврши овој циклус на натпревари, но денеска неофицијално добиле рампа од капитените на екипите учеснички.

Според грчкиот новинар Георги Закас, на состанокот што се одржа меѓу раководните луѓе и менаџментот на Евролигата и капитените на сите 18 клуба што се учесници нема договор за продолжување. Односно во поголем дел капитените на екипите гласале против доигрување на сезоната 2019/20.

Играчите истакнале дека се загрижени за здравјето во услови кога пандемијата со Ковид-19 стивнува, но не е искоренета докрај, а велат и дека се плашат од повреди.

Евролигата беше прекината на почетокот на март по одиграни 28 кола, односно на шест рунди до крајот на регулатрниот дел. Потоа требаше да се игра и плејоф за титулата, но сега целиот проект виси.

Сепак последниот збор ќе го имаат челниците на најсилната клупска лига во Европа по состанокот најавен за во понеделник.

- Оглас -

Најнови вести