Рамси се апсолутните фаворити во Полноќниот експрес

9739 Лос Анџелес рамс – Сиетл сихокс (НФЛ, 01:00 часот)

Со доаѓањето на Одел Бекам Џуниор, Рамси станаа еден од тимовите коишто може да изненади во плејофот.

Вечерва со победа над Сиетл, тимот од Лос Анџелес ќе се израмни на врвот со лидерот во НФЦ дивизијата, Аризона Кардиналс, коишто во последно време играат навистина лошо.

Сиетл нема никакви шанси за влез во плејофот, а и се сугерира на победа на домаќините, коишто имаат четири триумфи на последните пет средби.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -6.5 (1.80)

 

8536 Њу Орленс пеликанс – Портланд трејлблејзерс (НБА, 02:00 часот)

Домаќините и понатаму се без Зајон Вилијамсон, кој никако да закрепне од повредата на стапалото.

На спротивната страна, под знак прашање е настапот на најдобриот играч на Портланд, Демијан Лилард.

Тој има повреда на бутниот мускул, а неговиот настап ќе биде неизвесен до самиот крај. Но и да се појави на паркетот, јасно е дека нема да има можност да даде максимум.

Затоа границата од 219.5 изгледа интересна и вреди да се одигра на помалку поени.

Предлог тип: <218.5 (1.91)

 

8538 Лос Анџелес лејкерс – Феникс санс (НБА, 04:00 часот)

Домаќините се „покосени“ од повреди и од заразени со ковид-19.

На вечерашнава средба нема да играат: Ентони Дејвис, Двајт Хауард, Тален Хортон Такер и уште четворица кошаркари коишто се од големо значење за Езерџиите.

Барем засега, тука ќе бидат Леброн Џејм, Кармело Ентони, Расел Вестбрук и Ражон Рондо, ако во меѓувреме некој од овие не излезе позитивен на тестирањето.

Кај Феникс, пак, само Дарио Шариќ нема да игра, и тоа поради повреда на коленото, додека сите останати од стартната петорка се во протокол и ќе напаѓаат нова победа.

Предлог тип: 2 со хендикеп, 8.5 (1.95)

 

8435 Лас Вегас голден најтс -Тампа беј лајтнингс (НХЛ, 04:00 часот)

Актуелниот првак има незгодно гостување во Лас Вегас.

Навистина е тешко да се предвиди кој ќе биде победник од овој дуел, но ако се водиме според традицијата, тогаш може да се очекуваат голови.

На трите средби каде што Лас Вегас бил домаќин, имало по осум, пет и седум погодоци, па затоа и на оваа средба очекуваме голеада.

Предлог тип: >5.5 (1.75)

 

8537 Далас маверикс – Минесота тимбервулфс (НБА, 02:30 часот)

Тешко дека Далас ќе направи сензација на оваа средба и дека ќе остане непоразен.

Велиме сензација бидејќи домаќините навистина се силно погодени од Омрикон варијантата на ковид-19.

Лука Дончиќ, Џејлен Грин и уште петмина кошаркари се во изолација, додека Кристапс Порзингис има повреда на стапалото.

И гостите исто така имаат неколку позитивни играчи на вирусот, а најзвучно име е Ентони Едвардс.

Лидерот на овој тим, Карл Ентони Таунс, се очекува да настапи и да ги води Волците кон нова победа во НБА.

Предлог тип: 2 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести