Велс поведе со 1-0 против Турција пред финишот на првото полувреме благодарение на Арон Ремзи. Фудбалерот на Јувентус се изнапромашува во првиот дел, но кога веќе дојде до трета шанса да се закани по голот на Чакир, успеа да ја затресе мрежата.
Сепак, најмногу пофалби за голот доби Герет Бејл, кој беше во улога на асистент. Капитенот на Велшаните со една висока топка, односно хируршки прецизно додавање, ја откажа целата турска одбрана и практично му го сервираше погодокот на Ремзи.