Ралф Рангник по крајот на оваа сезона ќе стане консултант во Манчестер јунајтед, додека на негово место ќе пристигне Ерик тен Хаг.
По вчерашното реми со Челзи од 1:1, Манчестер е далеку од пласман во Лигата на шампионите, а стратегот ја откри иднината на Кристијано Роналдо, како и тоа што го чека овој тим во летиот преоден рок.
„Вистина е дека сме зависни од Кристијано Роналдо и тука нема никакви дилеми. Што се однесува до неговата иднина во клубот ние посакуваме да остане, ама доколку самиот играч не покаже интерес за продолжување на соработката, тогаш не можеме со сила да го натераме да остане.
Ни следува голема реконструкција и најавуваме купување на неколку напаѓачи, но и играчи од сите делови на теренот, можете да видите колку ни се потребни квалитетни засилувања“, изјави Рангник.
Останува да се види какви ќе бидат можностите на Манчестер да привлече квалитетни играчи во својот тим бидејќи следната сезона најверојатно ќе ги гледаме во Лигата на Европа или, пак, во Конференциската лига.