Вечерва од 21 часот се игра дербито меѓу Луверпул и Манчестер јунајтед, кое важи за најголемо на Островот.
Домаќинот на „Енфилд роуд“, ќе бара нова победа, со што ќе остане во трката за титулата, додека Манчестер јунатед како ретко кога ќе биде голем аутсајдер. Тренерот на Црвените ѓаволи, Ралф Рангник, ги „боцна“ навивачите со провокативна изјава.
„Мора голем дел од тимот да се промени, но верувам дека ние нема да чекаме 30 години за да освоиме титула како што направија одредени клубови од Англија.
За тоа што сакаме да го направиме, потребно е два-три трансфер-периоди и само добра и квалитетна работа“, изјави Рангник, меѓу другото.
Манчестер јунајтед последен пат ја освоија Премиер лигата во сезоната 2012/13, и тоа под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон.