39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Рангник им кажал на три мегаѕвезди на Манчестер јунајтед дека не се доволно добри пред победата над Брентфорд

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник пред победата над Брентфорд од 3:1 им соопштил на капитенот Хари Мегвајер, Лук Шоу и Арон Ван Бисака дека не се доволно добри за овој тим.

Ваквиот потег на Германецот следуваше по серијата бледи настапи на тимот, а од овие тројца, само Мегвајер се најде на клупата на резервни играчи.

Тоа не им пречеше на останатите фудбалери да прикажет одлична игра и преку Еланга (52′), Гринвуд (62′) и Рашфорд (77′) да постигнат три погодоци, додека во завршницата, почесен погодок за домаќините даде Иван Туни во 85-та минута.

- Оглас -

Најнови вести