Манчестер јунајтед има сезона за заборав откако тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, но и вчера забележаа дебакл од Брајтон од 4:0.
Привремениот тренер на овој тим, Ралф Рангник се извини на прес конференцијата по крајот на средбата, но и го најави тоа што многумина го очекуваат а тоа се промените на сите полиња.
„Навивачи извинете, голем дел од играчите предвреме со мозокот заминаа на предвремен летен одмор.
Едноставно не личевме на сериозен тим и Брајтон сосема заслужено дојде до победата. Беа подобри во секој сегмент и не преостанува ништо освен да им честитам а на навивачите на Манчестер јунајтед да се извинам за лошиот настап.
Јасно е дека пред нас се возбудливи месеци и ќе мораме напорно да работиме за да го вратиме тимот на прав колосек, таму каде што припаѓа а тоа е во врвот на Англија и Европа“ изјави Рангник.