Рангник останал запрепастен од скаутите на Манчестер јунајтед дека не следат играч кој дал 28 гола

Повремениот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, останал запрепастен од скаутската служба на овој клуб.

Според пишувањата на ЕСПН, Германецот останал зачуден откако скаутите му рекле дека не ги следат настапите на Кристофер Нкунку, кој во дресот на РБ Лајпциг сезонава досега има постигнато 28 погодоци.

Овој фудбалер којшто игра одлично во тимот каде што Рангник своевремено беше тренер, има договор до 2024 година ѝ е цел на неколку европски гиганти, но меѓу нив не е тимот од Манчестер.

Можеби сето ова е доказ за тоа колку лоша е целокупната состојба во тимот којшто веќе години наназад е далеку под нивото на коешто беше пред повеќе од една деценија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести