Рангник пред пет години рече дека Кристијано Роналдо е стар, што ќе каже сега?

Каква ќе биде соработката на новиот тренер на Манчестер јунајтед со првата ѕвезда Кристијано Роналдо, е прашањето кое си го поставуваат многу фанови на Црвените ѓаволи, кои ја знаат изјавата на Германецот од пред пет години, дека Роналдо и Меси се стари, и затоа не би ги земал во Лајпциг.

Рангник е човек кој со своите екипи применува пресинг по цел терен, многу трчање, и не сака играчи кои не помагаат во одбрана. Роналдо е машина за давање голови, но има 36 години и не сака да се троши премногу со играње и во одбрана, бидејќи прва и основна задача му е игра во нападот и да постигнува голови.

Во 2016 година, кога го прашаа дали Роналдо и Меси би играле во тогаш неговиот Лајпциг, Рангник изјави: „Би било апсурдно да се мисли дека тоа би функционирало. Двајцата се престари, а и прескапи“.

Ако тогаш за Роналдо мислел дека е престар, што ли ќе каже сега Рангник? Ќе го толерира ли Португалецот ако не се враќа назад да помогне во дефанзива? Одговорот ќе дојде наскоро.

- Оглас -

Најнови вести