19.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Рангник со изјава која ги разочара фановите на Манчестер јунајтед: Не знам дали Роналдо ќе остане

Кристијано Роналдо е убедливо најдобиот фудбалер на Манчестер јунајтед во оваа сезона, а со вчерашниот хет трик против Норвич дојде до бројката од 60 во својата кариера.

Португалецот има уште една година од својот договор со Манчестер јунајтед, но сè погласни се шпекулациите дека тој би можел да го напушти тимот од „Олд Трафорд“, а за тоа дека нејасна е неговата иднина кажа и тренерот на овој тим, Ралф Рангник.

„Роналдо има договор уште една година со клубот, но навистина не знам што ќе биде во летниот преоден рок и тој би можел да замине. Во голема мера ќе зависи и одлуката на новиот тренер што ќе дојде“ изјави Рангник.

Роналдо во досегашниот тек од сезоната во Премиер лигата има 15 постигнати голови и три асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести