Раниери бара прилагодување на Серија А во случај да треба да се игра трипати неделно

Уште нема дефинитивна одлука кога точно, односно дали воопшто сезоната во Серија А ќе се доигра. Само се прават прогнози, односно нагаѓања и оптимистички најави дека кон крајот на мај или во почетокот од јуни фудбалерите ќе се вратат на терените за да се доиграат преостанатите 12 кола.

Доколку има услови за сезоната да продолжи, Клаудио Раниери, тренерот на Сампдорија, бара прилагодувања со цел да се избегнат последици. Со оглед на тоа дека фудбалерите се во изолација и вежбаат во домашни услови, според дадените програми, минимално ја одржуваат формата, што никако нема да биде доволно за играчите во целост да го дадат максимумот на теренот, а секој напор повеќе ќе резултира со повреда.

„Доколку се вратиме на терените со планот да играме трипати неделно, лигата ќе мора да се прилагоди. Мора да се смени правилото со измени, да се воведат пет измени“, истакна Раниери.

- Оглас -

Најнови вести