Пласманот на Калјари во италијанската Серија А преку победа во баражот против Бари беше многу емотивен момент за искусниот тренер Клаудио Раниери.
Раниери не можеше да ги запре солзите радосници, а потоа покажа и голема почит кон противниците. Додека навивачите на Калјари на ривалите им скандираа „Серија Б“ порачувајќи им дека ќе си останат второлигаши, 71-годишниот Раниери се сврте кон нив и им викаше да не пеат така, туку да ја слават победата и да ги бодрат своите.
Раниери во декември го презеде Калјари, кога тимот беше дури 14-ти на табелата со 22 бода од 18 меча. Со Раниери, тимот освои 35 бода на 19 средби и се проби до баражот, а преку баражот и до Серија А, што е голем успех.
https://twitter.com/i/status/1668027695114997761