По разделбата со хрватскиот тренер Иван Јуриќ, раководството на Рома е пред чудна одлука. Планот на новиот сопственик е за привремен тренер да биде именуван легендарниот Клаудио Раниери, а кога ќе се пронајде трајно решение, тој да се пресели во раководните структури на клубот.
Раниери и неговиот менаџерски тим веќе се во Лондон, на состанок со новиот сопственик на клубот, а доколку биде постигнат договор, тој вечерва ќе патува во Рим на потпис, а веќе утре ќе го води и тренингот на Рома.
Желба на Рома беа Роберто Манчини и Винченцо Монтела, но преговорите не вродија со конкретна соработка.