Раниери одби да биде селектор на Италија, сега фаворит е Пиоли

Клаудио Раниери не сака да биде селектор на репрезентацијата на Италија. Овој 73-годишен докажан стручњак се спомнуваше како прв фаворит за наследник на Лучано Спалети, но нема намера да работи како селектор, туку останува во Рома како советник.

„Му благодарам на претседателот Гравина за понудата и можноста да бидам селектор, тоа е голема чест за мене. Сепак, јас одлучив да останам целосно посветен на мојата нова улога во Рома. Сопствениците на клубот, семејството Фридкин, ми дава целосна поддршка каква одлука и да донесам во врска со репрезентацијата. Одлуката да одбијам да бидам селектор е само моја“, рече Раниери.

Сега како прв кандидат за преземање на селекторската функција се спомнува Стефано Пиоли, кој е тренер на Ал-Наср, а за него се интересира и Фиорентина. Некогашниот тренер на Милан со кого ја освои титулата во Серија А пред три години, наводно веќе има устен договор со Виолетовите.

- Оглас -

Најнови вести