Раниери откри една од тајните како Лестер во 2016 година стана шампион

Ливерпул цели 30 години чека да стигне до титулата во англиското првенство и иако е на чекор до освојување на трофејот, засега е неизвесно што ќе се случи со Премиер лигата, која е прекината на неодредено време поради пандемијата. Во моменти кога фудбалските мечеви се „замрзнати“, за потсетување е најголемото изненадување во историјата на Премиер лигата, а тоа е во 2016 година, кога Лестер стана првак.

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери беше на клупата на Лестер и е еден од најзаслужните за неверојатната сезона на тимот за којшто никој не веруваше дека може да биде првак. Раниери открива дека доброто менаџирање со тимот и создавањето одлична атмосфера меѓу играчите било клучно да се создаде шампионски состав.

„Игравме три меча по ред против англиски гиганти. Играчите во тие моменти бараа слободни денови во зависност од тоа колку бода ќе освоиме од тие три клучни меча. На крајот Варди ми рече дека ако победат на сите три натпревари, да добијат седум меча слободни. Во првиот меч против Ливерпул победивме со 2:0, потоа против Манчестер сити славевме со 3:1, а во последниот меч загубивме од Арсенал со 2:1. Цело второ полувреме игравме со фудбалер помалку, а примивме гол во 95-тата минута. По завршувањето на тој дуел, на играчите им реков: „Одете дома, вие сте за мене победници“. Така им дадов седум дена одмор“, вели Клаудио Раниери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести