Португалецот Кристијано Роналдо е веројатно единствениот познат фудбалер на светот кој може да даде гол откако ќе ја удри топката со глава на висина од 256 сантиметри, но посебно што воодушеви неговиот потег синоќа на „Луиџи Ферарис“ во Џенова на гостувањето кај Сампдорија е и колку долго тој беше во воздух пред да ја упати топката во голот.
Пресметано е дека Роналдо летал дури 1,5 секунди. Вертикалниот скок му бил со висина од 71 сантиметар, а топката ја удри на висина од 256 сантиметри.
Сличен гол даде и за Португалија на ЕП против Велс, но тогаш во воздух беше „само“ 0,85 секунди, а одразот беше за пет сантиметри повисок од синоќешниот.
„Кога некој ќе постигне ваков гол, мора да се воодушевувате. Даде гол во стил на НБА-играч, речиси час и пол беше во воздух. Што друго да кажам? Само да се поклонам пред ваква мајсторија и тоа е тоа“, изјави тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери.