Раниери: Рома има тежок проблем? Да, затоа ми се јавија да го преземам тимот!

Клаудио Раниери ќе биде нов тренер на Рома, 73-годишниот стручњак по трет пат ќе го води својот сакан клуб за кој навива од дете.

Раниери е роден во Рим, а освен што целиот живот е фан на Рома, и играчката кариера ја почна во тој клуб во 1973 година, додека како тренер на Рома работеше од 2009 до 2011 и кратко во 2019 година.

Иако уште не е официјално потврдено, нема дилеми, тој ќе биде четвртиот тренер на Волчицата во 2024 година по Мурињо, Де Роси и Јуриќ. Договорот ќе биде до крајот на сезонава, а потоа Раниери ќе стане член на бордот на директори на клубот.

„Затоа и ми се јавија, дека имаат тежок проблем“, одговори Раниери со насмевка на лицето на прашањето дали е свесен дека има тврд орев за кршење.

„Подготвени?! Еве ја доаѓа коњаницата“, им порача Клаудио на фановите.

- Оглас -

Најнови вести