Менаџерот на Фулам, Клаудио Раниери открива дека бил премногу лут на својот играч Абубакар Камара, откако напаѓачот промаши пенал на дуелот против Хадерсфилд. За среќа на Камара, Фулам даде гол во 91 минута и победи со 1:0 против Хадерсфилд, во меч на две екипи кои се борат за опстанок.
Раниери во Фулам дојде пред два месеци и негова примарна цел е да го спаси тимот од испаѓање. Против Хадерсфилд при 0:0, во 82 минута беше досуден пенал за лондончани, а прв изведувач кај Фулам е Александар Митровиќ. Сепак, Камара му ја одзема топката на Митровиќ, сакајќи тој да погоди од белата точка, но неговиот удар беше непрецизен. За среќа на Камара, во 91 минута погоди токму Митровиќ и Фулам стигна до трите бода.
„Му реков на Камара да му ја остави топката на Митровиќ, бидејќи тој е човекот кој ги изведува пеналите за нас. Неверојатно како не ме послуша. Со тоа, Камара покажа дека не ме почитува мене, клубот, соиграчите и навивачите. Разговарав со него и му реков дека тоа што го направи е неправило. Сакав да го убијам. Требаше Митровиќ да шутира“, објасни Раниери.
Со овие три бода, Фулам се искачи на 18 место на табелата, но тоа е позиција која уште е во зоната за испаѓање. Под водство на Раниери, ова беше нивна втора победа во последните осум кола.