Раниери се враќа во клубот во кој пред 31 година ја почна сериозната тренерска кариера

Еден од највозрасните познати фудбалски тренери, Клаудио Раниери, е на прагот да го преземе Калјари, клубот кој го водеше пред 31 години.

Калјари во моментов е член на Серија Б, а Раниери на клупата на овој клуб од Сардинија седеше и од 1988 до 1991 година, кога од Серија Ц ги однесе со Серија А. Фотографија на Раниери има на ѕидот на тунелот на стадионот заедно со другите легенди на клубот.

Калјари е далеку од враќање во елитата, во моментов е 14-ти на табелата, само со една победа на последните десет натпревари во сите натпреварувања.

Се шпекулира дека договорот ќе му биде до јуни 2024, а дебито треба да го има на 26 декември против Козенца. Последен ангажман на Раниери му беше оној во јануари во Ватфорд, но таму остана само 14 меча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести