Искусниот тренер Клаудио Раниери откако ја презеде екипата на Сампдорија и ќе се обиде да ја спаси од преселба во Серија Б, воведе новина на тренинзите со цел фудбалерите да се релаксираат и смеат. Додуша, некому можеби и не му е толку смешно.
Раниери ги подели играчите во две екипи, а тие на тимот кој загуби на овој мал тренинг-натпревар, мораа да застанат на гол-линијата, свртени со лице кон мрежата, а со грбот и задниците кон теренот. Играчите од победничкиот тим имаа задача да шутираат кон поразените и со топка да ги гаѓаат во задниците.
Погледнете како изгледаше „стрелањето“ кон поразените кои можеби утре ќе бидат во улога на стрелци, а тие сега што шутираа, ќе бидат „жртви“:
https://twitter.com/i/status/1187021275694276609