Раперот Дрејк уплати 300.000 долари на победа на Канада против Аргентина!

Познатиот канадски рапер Дрејк верува дека фудбалската репрезентација на Канада ќе ја победи Аргентина во полуфиналето на Копа Америка.

Доколку Канаѓаните го совладаат светскиот првак, Дрејк ќе има добивка од 2,8 милиони долари затоа што уплатил 300.000 долари на триумф на неговите сонародници.

Дрејк често се обложува на големи суми на спортски настани, некогаш погодува, некогаш е недобитен, а познат е и како човек кој им носи малер на многу спортисти со кои се има сликано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести