Во телевизиско интервју раперот Л-Ганте призна дека почнал љубовна врска со контроверзната Ванда Нара и рече дека се заљубил и со срце и со душа.
Ванда се појавува во спотот на најновата песна на раперот, таму тие имаат и љубовни сцени, беа фатени како се бакнуваат во ноќен клуб, па така почнаа шпекулациите дека меѓу нив има и нешто повеќе од само бизнис-соработка.
Од друга страна, Ванда, која тврди дека се разведува со Мауро Икарди и дека веќе не е со него, во моментов е кај него во Истанбул и објавија заедничка фотографија по повод роденденот на ќерката Изабела. Ванда има три сина од Макси Лопез и две ќерки од Икарди.
Икарди не сака Ванда да му биде агент како досега, а Ванда кратко ќе биде во Истанбул, наскоро се враќа во Аргентина и ќе учествува во шоуто „Големиот брат“.