Рапино како Шаќири, Андоновски и светските шампионки се закитија со бронза во Токио (видео)

Женската фудбалска селекција на САД се закити со бронза на Олимписките игри во Токио откако фудбалерките на Влатко Андоновски ја надиграа Австралија со 4-3 во мечот за трето место.

Меган Рапино и Карли Лојд со по два гола ги решија австралиските фудбалерки, а за водство од 1-0, ѕвездата на Лион постигна гол во стилот на македонската легенда Артем Шаќири директно од корнер.

Рапино со ремек-делото во осмата минута го отвори резултатот, потоа донесе нова предност за САД од 2-1 во 21-вата минута. Лојд погодуваше за недостижни 4-1 до 51-вата минута, а Фурд и Гилник го ублажија поразот за конечни 4-3.

https://streamable.com/5rgilj

- Оглас -

Најнови вести