Рапсодија на „Гудисон“: Евертон за седум минути го уништи Барнли (видео)

Евертон на најдобар можен начин го оправда незаинтересираниот пристап од првото полувреме против Барнли, па само за седум минути играчите на Рафа Бенитес остварија пресврт и дојдоа до победата од 3-1 за огромна радост на „Гудисон парк“.

За да се случи рапсодијата, потребно беше Бен Ми да ги шокира домаќините со голот во 53-тата минута, по кој Барнли поведе, а набрзо потоа Евертон се разбуди и го покажа напаѓачкиот квалитет.

Израмни Кин во 60-тата минута, а само пет минути подоцна, Таунсенд во свој стил со велемајсторија од далечина го најави пресвртот. Веќе во следниот напад, односно 60-тина секунди подоцна, Греј го искористи празниот простор пред противничкиот гол и го постави конечниот резултат. Победата можеше да биде поубедлива со оглед на тоа дека Докуре веќе во 68-мата минута заби уште еден гол, но сантиметарски офсајд го спречи да се радува.

Евертон по четири кола е на делба на првото место со Манчестер јунајтед, Челзи и Ливерпул со по 10 бода, додека пак Барнли е петтиот тим по Саутхемптон, Лидс, Њукасл и Норвич, кој сé уште нема запишано победа во новата сезона од англиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести