Искусниот плејмејкер Расел Вестбрук и понатаму е слободен играч, но очигледно дека не остава ништо на случајноста и се подготвува за кога ќе добие ангажман, да биде во топ форма.
Вестбрук ужива на својата огромна јахта, но освен што одмора, тој одвојува време и за тренинг. НБА-ѕвездата има поставено кош на јахтата и таму тренира.
Russell Westbrook playing basketball on a yacht.
[via. @russwest44] pic.twitter.com/VkraE8zINL
— BASKETBALL ON (@BASKETBALLonX) August 26, 2025
Речиси две децении трае НБА-кариерата на Вестбрук. Започна во Оклахома, а потоа играше и за Хјустон, Вашингтон, Лос Анџелес лејкерс, Лос Анџелес клиперс, а минатата сезона го носеше дресот на Денвер нагетс. Просекот од минатата сезона му беше 13,3 поени, 4,9 скока и 6,1 асистенција по меч. Одигра 75 натпревари.