4.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Рашфорд доби бизарен прекар во Барселона, уште не е ни сигурен што значи тоа

Откако беше „заборавен“ во Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд доби шанса да ја спаси кариерата и тоа во Барселона. Англискиот напаѓач дојде во каталонскиот гигант како позајмен играч, а сега зборува за тоа како се прилагодил во новата средина.

Рашфорд е во Барселона само неколку недели, а веќе има добиено бизарен прекар од соиграчите.

„Кога се забавуваат меѓу себе, ме нарекувааат „чуче“ (колаче). Не знам ни што значи тоа, но смешно ми е кога така ми се обраќаат“, рече Рашфорд. Англичанецот додава дека тешко е да се научи каталонскиот јазик.

„Каталонскиот јазик е тежок. Претпоставувам дека додека сум тука, малку ќе научам и се надевам дека тоа ќе ми помогне подобро да ја разберам каталонската култура“, додава Рашфорд.

Доколку Барселона биде задоволна од Англичанецот, на крајот од сезоната постои опција да го откупи неговиот договор за сума од 26 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести