Маркус Рашфорд е најзвучното име кое ја засили Барселона ова лето. Англичанецот верува во квалитетот на „каталонците“ и верува дека може да дојдат до тројната круна оваа сезона.
„Не гледам причина поради која Барселона не може да ја освои тројната круна оваа сезона. Оваа екипа е подготвена да победува. Мотивацијата е присутна, а јас сакам да помогнам со сите сили. Целата екипа и стручниот штаб се фокусирани на успехот, а кај сите е присутна желбата за победи. За да победуваме, мора да бидеме среќни, бидејќи само така можеме да дадеме се од себе.“ – вели Рашфорд.
Англискиот репрезентативец има свој фаворит и за Златната топка, а тоа секако дека е негов соиграч од Барселона.
„Златната топка за Јамал оваа година? Дефинитивно. Ја заслужи. И да не ја освои сега, сигурно тоа ќе се случи во иднина. Ги има сите потребни квалитети за тој успех. Ламин е прекрасна личност, разигран е и среќен, секогаш подготвен за шега. Неверојатно е зрел за неговите години. Начинот на кој размислува и игра е далеку пред неговата возраст.“ – додава Рашфорд.