Рашфорд е полн со оптимизам: Англија е подготвена да ја освои титулата во Катар

Селекцијата на Англија со победата од 3:0 над Велс го завери првото место во групата Б и си закажа осминафинална пресметка со Сенегал.

Јунак на Гордиот Албион беше напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, кој постигна два гола и е полн со оптимизам пред нокаут-фазата.

„Одлично е чувството. Поради вакви моменти играм фудбал. Поради најважните моменти, најубавите моменти. Среќен сум што обезбедивме пласман во нокаут-фазата бидејќи имам огромни амбиции за овој тим и мислам дека можеме да играме подобро отколку што одигравме против Велс. Мислам дека овој тим е способен да ја освои титулата“, изјави Рашфорд, кој головите ги постигна во 50-тата и во 68-мата минута.

„Бевме малку разочарани по резултатот против САД во второто коло. Мислевме дека можеме да одиграме многу подобро и важно е да прикажеме добра игра во следниот натпревар. Во првото полувреме се браневме брилијантно и се работеше за тоа да обезбедиме рана победа и да ги искористиме шансите“, вели Рашфорд.

Англија на 4 декември, в недела, во осминафиналето ќе игра против Сенегал, селекција која го освои второто место во групата А.

- Оглас -

Најнови вести