Рашфорд е прескап, Барселона се откажува од намерата да го доведе

Трансферот на Маркус Рашфорд во Барселона станува сè поневеројатен. Каталонците се блиску до откажување од идејата да го ангажираат англискиот напаѓач, кој нема одиграно натпревар за Манчестер јунајтед од минатиот месец и дури не е дел од тимот за натпреварите под водство на Рубен Аморим.


Клучните причини за намалениот интерес на Барса се високата плата на Рашфорд и потребата клубот да ги почитува правилата на финансискиот фер-плеј.

Од друга страна, нов заинтересиран клуб во последните часови е Астон Вила. Продажбата на Џон Дуран во Ал-Наср и позајмицата на Емилијано Буендија во Баер Леверкузен ги натераа челниците на англискиот клуб да се распрашаат за можноста за позајмица на Рашфорд.

Менаџерот на Вила, Унаи Емери, лично инсистирал на негов ангажман, бидејќи ги цени неговите квалитети. Сепак, самиот Рашфорд во овој момент преферира или да се пресели во Барселона или да остане на „Олд Трафорд“, па останува да се види дали Астон Вила ќе успее да го убеди за оваа нова опција.

- Оглас -

Најнови вести