Манчестер јунајтед игра фантастично по паузата поради Светското првенство, а клучен играч во успесите е напаѓачот Маркус Рашфорд кој буквално ескплодира по заминувањето на Кристијано Роналдо.
Роналдо го напушти „Олд трафорд“ во ноември минатата година, и тој потег му овозможи на Рашфорд да ја добие потребната слобода на теренот и да ги оживее надежите на навивачите на Јунајтед за шампионската титула во Премиер лигата.
Англискиот репрезентативец сезонава досега постигна 22 гола во сите натпреварувања, а последниотго постигна вчера на „Камп Ноу“ во ремито од 2:2 против Барселона. Рашфорд игра фантастично во 2023 година, и од 3-ти јануари и дуелот со Борнмут, досега постигна 11 гола во сите натпреварувања.
Тој не успеа да се запише во листата на стрелци на само три натпревари од вкупно 13 одиграни на Јунајтед во Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Лигата на Европа.
„ Маркус е неверојатен напаѓач. Постигнува голови со лева, со десна нога, и со глава. Важно е да се задржи концентрацијата во текот на целиот натпревар, посебно во финишит, а тој има способност да го направи тоа. Маекус има фантастични предиспозиции, и физички и технички, но секогаш мора да го покажува вистинскиот менталитет и тогаш е незапирлив“, вели менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.
Благодарение на одличните игри на Рашфорд, Јунајтед се искачи на третото место на табелата со 46 бода, само пет помалку од Манчестер сити и Арсенал.
Англиските медиуми направија споредба на настапите на Рашфорд и на Челси и бројките се поразителни за Сините.
Имено, Рашфорд од 10 ноември 2022 година до денеска има постигнато 18 гола играјќи за Јунајтед и репрезентацијата на Англија, додека Сините постигнаа само шест гола.
„Сините“ сезонава во Премиер лигата досега постигнаа вкупно 23 гола, помалку од Ерлинг Халанд кој е прв стрелец со 26 гола, а имаат еден повеќе од Рашфорд.