Рашфорд го брани Погба: Напад кон него е напад кон семејството Манчестер јунајтед

Атака на Пол Погба е напад кон целото фудбалско семејство на Манчестер јунајтед. Ние сме заедно и така ќе се однесуваме кога кој било играч ќе биде навредуван на каква било основа, напиша на „Твитер“ Маркус Рашфорд.

Тој застана во одбрана на Погба, кој трпи жестоки напади на социјалните мрежи по утнатиот пенал вчеравечер за победа против Вулверхемптон.

Погба одлучи да го игнорира непишаното фудбалско правило дека пеналот не го изведува играчот над кого е направен прекршокот и не успеа да погоди. Руи Патрисио му го одбрани ударот од белата точка во 68-мата минута, па мечот заврши нерешено, 1:1.

Токму Маркус Рашфорд е еден од играчите што ги изведува пеналите во Манчестер јунајтед, беше прецизен во првото коло против Челзи од белата точка, но Погба одлучи да биде поинаку и не погоди.

И потоа се случи лавина од напади на социјалните мрежи, дел од нив и навреди на расна основа кон Погба. Играчите на Манчестер јунајтед реагираа во одбрана на соиграчот, а меѓу нив е и Рашфорд.

- Оглас -

Најнови вести