Рашфорд и Манчестер јунајтед конечно се договорија, напаѓачот останува на „Олд Трафорд“

Англискиот репрезентативец, Маркус Рашфорд, дефинитивно ќе го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, објавија англиските медиуми.

Веднаш по завршување на минатата сезона, двете страни започнаа преговори за нова соработка, но дури два месеци подоцна, е најден заеднички јазик.

Актуелниот договор на Рашфорд истекува идното лето, но напаѓачот одлучи да потпише нов петгодишен договор и да остане на „Олд трафорд“, иако имаше примамливи понуди, пред сè од ПСЖ. Со новиот договор, Рашфорд ќе заработува 435.000 евра неделно, односно 21 милион евра по сезона.

Рашфорд минатата сезона одигра 56 меча во сите натпреварувања за Јунајтед и постигна 30 гола, а имаше и 11 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести