Рашфорд има 440.000 причини да остане на „Олд Трафорд“

Напаѓачот на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, Маркус Рашфорд, ќе го продолжи договорот со Црвените ѓаволи.

Само по еден ден откако во убедливата победа на Англија над Македонија (7:0) постигна еден гол, Рашфорд денеска добил понуда која го убедила да остане на „Олд Трафорд“.

Според англиските медиуми, напаѓачот ќе потпише нов договор со Јунајтед според кој ќе заработува 440.000 евра неделно.

Рашфорд изминатата сезона беше најдобар стрелец на Јунајтед, постигна 30 голови на 56 меча во сите натпреварувања.

Англиските медиуми пишуваат дека напаѓачот имал и понуда од ПСЖ, но на крајот одлучил да остане на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести