7.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Рашфорд ќе остане на „Камп Ноу“ и ќе потпише тригодишен договор со Барселона

Раководството на Барселона и претставниците на Маркус Рашфорд постигнаа договор за платата на играчот, со што напаѓачот е многу блиску до потпишување тригодишен договор со клубот, објави каталонскиот весник „Спорт“.

Англичанецот се согласил значително да ја намали својата заработувачка во однос на она што го добивал во Манчестер Јунајтед, каде примаше околу 15 милиони евра по сезона.

Договорот со каталонскиот тим е за вкупен пакет од околу 30 милиони евра во текот на три години. Клубот од Барселона истакнал дека ова е клучно за останувањето на Рашфорд, а истовремено ќе влијае и на сумата што клубот би ја платил на Црвените ѓаволи.

Барселона неколку пати се обиде да ја намали цената на фудбалерот, но од Манчестер Јунајтед не покажаа разбирање и останаа категорични дека сакаат да го добијат износот од 30 милиони евра, договорен уште минатото лето и вклучен во договорот, без дополнителни отстапки.

- Оглас -

Најнови вести