Рашфорд: „Многу лаги се напишаа во последно време“

Маркус Рашфорд на последните пет меча на Манчестер јунајтед не одигра ниту минута. Против Сити, Тотенхем, Борнмут и Вулверхемптон воопшто не беше во составот, додека против Њукасл остана на клупата за резервни фудбалери.

Веќе подолго време се шпекулира дека „црвените ѓаволи“ сакаат да се ослободат од него и да го продадат, со оглед на тоа дека има договор до 2028 година. Сепак, самиот фудбалер ги демантира овие шпекулации, но и наводниот состанок со менаџерската агенција која го застапува.

„Многу лаги се напишаа во последно време, но ова е најсмешно. Ниту сум се сретнал со луѓето од агенцијата, ниту имам намера.“ – вели Рашфорд.

- Оглас -

Најнови вести