Маркус Рашфорд може комотно да се префрли во атлетиката и да биде успешен во спринтерските дисциплини, а со потегот на мечот против Шефилд јунајтед потврди и дека е еден од најбрзите играчи во Премиер лигата, но и вешт дриблер.
Го почна спринтот од својата половина и фантастично истрча 60-тина метри сè до голот на домашниот тим. Притоа успеа да ги избегне сите замки и обиди на играчите на Шефилд да го сопрат.
Рашфорд ја круниса одличната игра со два гола за Манчестер јунајтед, а Црвените ѓаволи го победија Шефилд јунајтед со 3:2 и поставија нов рекорд со најмалку два постигнати гола во десетте победи по ред на гостински терен, што не ѝ успеало на ниту една екипа во историјата на англиското првенство.