Рашфорд му подаде рака за спас на ексфудбалерот на Манчестер кој прогласи банкрот

Вес Браун е некогашен фудбалер кој дури 19 години помина во дресот на англискиот гигант Манчестер јунајтед. Започна во младинската школа на Црвените ѓаволи и потоа 14 сезони играше во првиот тим, а се радуваше на две титули во Лигата на шампионите и освои вкупно 11 пехари со тимот од „Олд Трафорд“. Потоа играше пет сезони во Сандерленд, па во Блекбурн, а кариерата ја заврши во тим од Индина.

За повеќе од две децении профи кариера, Браун имаше периоди во кои заработуваше и по 50.000 фунти неделно, но и покрај сето тоа богатство што го заработи, фудбалерот сега е банкрот.

Браун официјално прогласи банкрот, а парите ги потроши во лоши инвестиции, а добар дел од нив му „собра“ и неговата некогашна жена.

По веста дека останал без пари, Браун веднаш доби помош од неговите некогашни соиграчи Вејн Руни и Мајкл Карик, а последен во низата е и актуелниот голгетер на Манчестер, Маркус Рашфорд.

Иако Рашфорд не го познава доволно Браун, тој реши да му помогне и му дозволи на Вес да живее во една од вилите кои се во сопственост на младиот напаѓач. Во првите неколку месеци додека не „застане на нозе“ и финансиски не се снајде, Браун воопшто нема да плаќа ниту кирија за живеењето во луксузната вила.

- Оглас -

Најнови вести