Јасно е дека Маркус Рашфорд е прекуброен во Манчестер јунајтед и тој во моментов тренира одвоено од првата екипа. Офанзивецот не е во плановите на Рубен Аморим, па откако последната полусезона ја мина како позајмен во Астон вила, сега планот е тој да биде продаден.
Фудбалерот на своја адреса веќе добил неколку понуди, најбогатите, секако, се од Саудиска Арабија, но сите тие се одбиени, а Рашфорд ги известил и раководството на Црвените ѓаволи, но и неговите менаџери дека сака да игра само за Барселона.
Рашфорд веќе подолг период се поврзува со Каталонците, расположение за соработка има од двете страни, но останува само раководствата на Барселона и Манчестер јунајтед да се договорат околу висината на обесштетувањето.