Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд, одби богата понуда од европски гигант бидејќи планира уште долго да остане во Манчестер јунајтед.
Иако сезонава игра послабо во однос на минатата сезона, челниците на ПСЖ го гледаа токму Рашфорд како идеален наследник на Килијан Мбапе кој налето ќе се пресели во Реал Мадрид.
Светците подготвија понуда за Манчестер јунајтед тешка 75 милиони фунти, додека на Рашфорд му понудија неделна плата од дури 500.000 фунти, но фудбалерот се заблагодари на понудата.
Според таблоидот „Сан“, Рашфорд нема намера да го напушти Манчестер јунајтед, посебно не кога косопственик стана најбогатиот човек од Обединетото Кралство, сер Џим Ретклиф.
Напаѓачот е убеден дека многу брзо Манчестер јунајтед со Ретклиф повторо ќе биде фаворит за освојување на најважните трофеи, во Премиер лигата и во Лигата шампионите.