35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Рашфорд одигра 30-тина минути, Барселона победи во Јапонија (Видео)

Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, со 3-1 славеше на првиот меч на азиската турнеја, против Висел Кобе.

Ханси Флик се одлучи да го измеша составот и во двете полувремиња да им даде шанса на различни единаесетмина, а свое деби имаше и Маркус Рашфорд, кој одигра 30-тина минути во второто полувреме.

„Каталонците“ дојдоа во водство во 33-тата минута со голот на Ерик Гарсија, кој најдобро се снајде во мешаницата пред противничкиот гол и од непосредна близина успеа да погоди.

Сепак, на паузата се замина со реми, бидејќи Мијаширо во 42-рата минута израмни на 1-1, откако одбраната на Барселона направи катастрофална грешка.

Голот за ново водство на Барселона беше дело на Руни Барџи во 77-мата минута, после прекрасното проигрување од Роберт Левандовски.

Точка на победата стави 17-годишниот Дро Фернандес во 87-мата минута.

Барселона по мечот во Кобе се сели во Јужна Кореја каде ќе игра пријателски натпревари против Сеул и Даегу.

- Оглас -

Најнови вести