Рашфорд откри која е бизарната причина зошто бил казнет, па мораше како резерва да влезе и да биде херој

Маркус Рашфорд го постигна единствениот гол за победа на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Вулверхемптон, во меч од 18 коло во Премиер лигата. Непосредно пред мечот, од Манчестер јунајтед стигна информација дека Рашфорд нема да биде стартер затоа што е казнет поради недисциплина од тренерот Ерик тен Хаг.

Откако по првото полувреме беше 0:0, Тен Хаг сепак реши да го внезе Рашфорд на теренот и овој му врати на најдобар можен начин, со погодок за победа. По мечот, Рашфорд откри зошто бил казнет од тренерот.

„Се успав и задоцнив на тимскиот состанок. На секого може да му се случи тоа. Тренерот сепак донесе права одука и јас ја прифатив“, рече Рашфорд по победата над Вулверхемптон.

https://twitter.com/i/status/1609202987091787776

- Оглас -

Најнови вести