Маркус Рашфорд „детонираше бомба“ со изјавата дека е подготвен за нов предизвик во кариерата. Ова е токму како негова најава за заминување од Манчестер јунајтед, во кој ја мина целата досегашна кариера.
Рашфорд не е задоволен од статусот што го има во тимот, не доби шанса да заигра на градското дерби против Сити викендов, со што се засилија шпекулациите дека може да си оди иако договорот му е до 2028 година и има голема плата. Како идна дестинација се спомнува ПСЖ.
„Лично, спремен сум за нов предизвик и следни чекори. Кога ќе си заминам, нема да има лутење. Нема да давам негативни коментари за Манчестер јунајтед, секогаш ќе го сакам клубот и ќе бидам негов навивач. Ако си одам, прво од мене ќе дознаете, јавно ќе објавам“, рече Рашфорд, кој верува дека уште не го достигнал врвот на кариерата и најавува дека најдоброто од него допрва доаѓа.
Рашфорд има постигнато 138 гола на 426 натпревари за клубот од своето деби во 2016 година, откако дојде од младинските редови на Јунајтед.